Скопје

Милион евра за велосипедски патеки во Скопје

Градот Скопје потроши околу еден милион евра за изградба и реконструкција на велосипедски патеки. Изградени се над 14 километри вакви патеки за да се намали бројот на автомобили кои сообраќаат.

„Изградени се и реконструирани 14,6 километри велосипедски и пешачки патеки во вредност од 56,5 милиони денари. За прв пат се изградија велосипедски патеки на градските улици во општините Кисела Вода, Чаир, Бутел и Ѓорче Петров. Скопје требаше да биде град на велосипеди од 2015 година, но до 2017 година беа изградени 60% од планираните велосипедски патеки. За една година успеавме да изградиме 20% од овие патеки и достигнавме 80% добра мрежа за поврзување на сите улици“, рече Валон Салиху, портпарол на Град Скопје.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток