Од Град Скопје денеска соопштија дека ги отстраниле предметите од Жена паркот, бидејќи никој не побарал дозвола да го користи просторот.
Никола Наумовски од Град Скопје рече дека по редовните комунални активности на градот, во паркот Жена борец биле затекнати лом, шут, предмети, кои што не припаѓаат никому.
„Според Законот за комунален ред ние имаме обврска парковите и зелените површини да ги држиме чисти и уредни. Со оглед на тоа што никој од нас не побарал дозвола да го користи паркот, а го користи веќе неколку месеци, вчера Град Скопје заедно со другите институции меѓу кои МВР, ги отстранивме не луѓето, туку предметите што ги затекнавме во паркот. Луѓе таму немаше“, изјави Наумовски.