Македонија

За да го оправда праќањето презентерка за конзул, Османи кажа дека порано се праќал вработен во фабрика за чоколади

Министерот за надворешни работи Бујар Османи се правда дека неговите кандидати за амбасадори и конзули се добри решенија, а ги критикува кадрите кои претходно ги испраќал Антонијо Милошоски, поранешен министер. Според него, новинарите треба да направат споредба на тие што тој ги упатил и претходните.

„Конзул во Солун а потоа и амбасадор бил директно земен од фирма за лекови. Генерален конзул во тој период преземена од детска градинка. Генерален конзул во Торонто со Факултет за физичка култура преземен од Ангеција за млади и спорт. Амбасадор во Загреб имал Факултет за шумарство, а претходно бил управител на старечки дом. Амбасадор во Абу Даби, претходно бил вработен во фабрика за чоколади. Амбасадор во европска земја, претходно исксутво имал придружба на сопруг-амбасадор. Амбасадор во Анкара бил превземен од Македонски пошти“, кажа Османи.

За Османи, неоправдано се напаѓа дипломатијата, а откако тој сакаше да прати презентерка за конзул во САД.

На почеток