Македонија

Се крие дали е прифатено Бугарите да влезат во македонскиот Устав

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, не открива дали внесувањето на Бугарите во македонскиот Устав е услов за отпочнување на преговорите со ЕУ. Тој оваа информација ја крие.

„Се наоѓаме во посензитивен период, не би навлагал. Би дозволил да продолжат разговорите. Не дека кријам некоја информација, туку поради сензитивноста. Доколку има нова ситуација, ќе се сретнеме следната недела, ако треба и порано“, рече Османи.

Тој за ставот на бугарскиот премиер Кирил Петков вели: „Нашиот став е дека ништо не е договорено додека не биде целосно договорено. Имаме ставови само што би можело да биде прифатливо, а што не“.

Предлогот до Европската Комисија може да биде заеднички, на двете влади, и да се потпира на европски принципи, односно на Копенхагеншките критериуми, врз принципот на правна заштита на малцинствата, е идејата на бугарскиот премиер Кирил Петков како да се ефектуираат македонско-бугарските преговори, што јавно ја искажа во интервјуто за „Еурактив“, по безбедносната конференција во Минхен.

– Сега прашањето е многу поинакво. Прашањето не е едната држава да притиска, а другата да вели не. Прво, планираме да одиме во Европската Комисија со заеднички предлог, што е многу различно. Второ, го потпираме на Копенхагеншките критериуми, врз принципот на правна заштита на луѓето од наше потекло. Со други зборови, не ставаме конкретно билатерално прањање, туку вклучуваме принципи што се во рамките на земјите-членки. Мислам дека ако Брисел на овој проблем гледа како можност да се забрза преговарачкиот процес, тоа може да биде искористено подоцна како патоказ и за други држави членки на Балканот што ќе бидат поканети – изјави Петков за „Еурактив“.

На почеток