Македонија

(ВИДЕО) ИРЛ: Минчо Јорданов и Благој Механџиски со сметки во „Кредит Свис“ – зошто?!

Кралот на челикот и поранешен вицепремиер, како и еден од најголемите градители на проектот ‘Скопје 2014’, Минчо Јорданов и бизнисменот како и основачот на империјата ‘Зегин’, Благој Механџиски имале свои сметки во швајцарската банка „Кредит Свис“, откри вчера „ИРЛ“ во новата епизода на „Редакција“.

„Минчо Јорданов има вкупно осум трансакциски сметки во ‘Кредит Свис’ отворени од 2000 до 2009 година. Не можеме да видиме колку вкупно пари имало целото тоа време, но она што може да се види на кој датум, која сметка имала максимална сума на пари и колкава е сумата. На пример кај Јорданов, максималната сума на една од сметките изнесува 14,7 милиони швајцарски франци. Има и други сметки по 5-6 милиони и така натаму“, се вели во документарецот.

За Благој Механџиски, се посочува: „Тој има три трансакциски сметки во ‘Кредит Свис’ и сите три се отворени во јануари 2007 година. На Механџски, најголемата максимална сума на една од сметките е 13,3 милиони швајцарски франци, а на другите две има околу пет милиони и три милиони“.

Сашка Цветковска, одговорен уредник во ИРЛ вели: „Овие луѓе се се најлошо, се што имаат направиме во оваа држава, целото нивно богатство, буквално се што имаат. И онака се однсувале многу лошо со системот кој неправедно ги наградил. Најбогатите луѓе кои ги текнале сите пари благодарение на привилигиите овде, сепак одлучиле да ги чуваат надвор и да не плаќаат данок. Друго не знам“.

Маја Јовановска, новинарка во ИРЛ во документарецот вели: „Всушност, првата финансиска инјекција поради која Зегин стаснува гиганотот кој го знаеме, доаѓа од озогласената исладнска инвестициска групација ‘Милестоне’… Сопственици се двајца браќа… кои се осудени поради проневери за пари. Парите за кои се осудени ги опфаќаат и парите од инвестициите во Македонија. Една од нивните инвестиции е во Зегин кога купуваат 50 отсто од уделите на Механџиски за пет милиони евра. Направивме компаративна споредба на датумите и сфативме дека по само шест месеци од оваа инвестиција, Механџиски ги отвора сметките во ‘Кредит Свис’. На една од тие сметки ќе се појават 5 милиони швајцарски франци“.

Во документарецот се зборува и како Минчо Јорданов имал сметка во странство, иако во тоа време, имало забрана македонски државјани да имаат сметки во странство ако немаат работна дозвола или не се резидентни граѓани.

Поврзани вести:

Протекоа податоци: „Кредит свис“ им отворaла сметки на дилери, воени злосторници, трговци со луѓе

На почеток