Македонија

Синдикатот прашува: Кој има интерес стечајот на ФЕНИ да се одолговлекува?

„Годината завршува, а ние сеуште чекаме да заврши стечајот на ФЕНИ. Сега веќе повеќе од една година чекаме да се стави крај на нашата неизвесност, иако постојано бевме убедувани дека постапката ќе биде колку што може побрза и побезболна за нас. А стечајната постапка се оддолжува зашто жалби поднесуваат оние кои го однесоа ФЕНИ во стечај, пишува во отвореното писмо до јавноста на работниците и синдиктот на ФЕНИ.

– Ова е веќе срамно и ги надминува сите граници на човечност, морал и етика. Ќе повториме, ние сме луѓе, цели семејства, а не бројки на хартија. Срам е да „лебдиме“ во несигурно, поради нечии игри, игри на оние кои не донесоа до ова дереџе- се вели во писмото потпишано од Миле Ѓорѓиев, претседател на синдикалната организација.

Во ситуација кога стечајот уште трае потпишуваме договори секој месец, а и нашиот живот стана месец за месец. Згора на тоа излегоа информации точно како „Кунико“ го планирале стечајот и како планирале да не остават на цедило, сите доверители и нас вработените. Планирале стечај на ФЕНИ, го организирале тоа и на крај обвинуваат други за тоа? Избегаа во странство, оставија пустош и пак некој друг им е виновен, се вели во писмото на Синдикатот на ФЕНИ.

– Сакаме јавно да прашаме, кога излегува „Транспарентност Македонија“ во јавност во име на „Кунико“, дали излегува со чиста совест после овие информации? Дали кога се одолговлекува процесот од страна на адвокатскиот тим на „Кунико“, тие адвокати имаат на ум дека некој сакал да наштети на многу компании и нас 800 семејства заради личен интерес?
Е па драги господа и госпоѓи, ние исто така имаме личен интерес, а тој е што сакаме сигурна работа и сакаме газда кој ќе не плаќа редовно за нашиот труд. Редовна плата имаме, но немаме сигурност. Најголем дел од нашите работнички права се оневозможени токму заради стечајот- велат синдикалците.

Прашуваме отворено, кој има интерес стечајот на ФЕНИ да се одолговлекува? Ние одговорот го знаеме, бидејќи тие таканаречени газди нас ни ветуваа дека работата ќе се среди, а очигледно пред повеќе од една година ја планирале пропаста на ФЕНИ. Срамота е ова што се случува и бараме да се одважат надлежните и да се стави крај на оваа ситуација“, се вели во соопштението.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток