Македонија

Пристигнати вкупно 62 барања за Законот за амнестија

Основниот суд Скопје 1 во врска со барањата за амнестија објави дека денес до 15 часот се пристигнати вкупно 62 барања.

„Заради зголемен интерес на претставниците на медиумите околу добиените барања согласно Законот за амнестија за настаните од 27 април 2017 година во Собранието на Р.Македонија, ја информираме јавноста дека денеска до 15:00 часот, во судот се пристигнати вкупно 62 барања согласно Законот за амнестија од кои 27 во одделението за Организиран криминал и корупција и 35 во одделот Кривично полнолетни. Напоменуваме дека рокот за поднесување важи и денеска, а секако дека ќе бидат земени во предвид и бараањата кои во законски утврдениот рок ќе бидат дополнително доставени до судот по пошта“, велст од Основниот суд Скопје 1.

Законот за амнестија во четвртокот вечерта беше објавен во „Службен весник” откако на него стави потпис претседателот Ѓорѓе Иванов. Согласно Законот, амнестијата нема да ги опфати организаторите, лицата кои извршиле физичко насилство, кои носеле оружје, како и службените лица кои ги пречекорите службените овластувања.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток