Колку плати Маја Беровиќ за породувањето во Австрија


Маја Беровиќ се породи во болница во Грац, Австрија, a нејзиниот син го доби името Лав.
Беровиќ за породувањето издвоила дури 7.000 евра.
Таа ја избрала оваа клиника бидејќи постои можност во болничката соба да дојдат фризери, маникир и педикир, како и посебен простор за медитација.
– Живее на релација Белград-Грац, но бременоста ја следеше во Австрија. Породувањето во оваа клиника чини 7.000 евра, а во цената се вклучени трошоците за фризер, сала за маникир и медитација пред и по породувањето. Изгледот на клиниката е зачудувачки, како оние од филмовите, па сосема е сигурно дека Маја ќе ужива во првите денови со синот – изјави претходно извор.
