Магазин

Петар Грашо заплака на свадбата со Хана

Петар Грашо и Хана Хуљиќ се венчаа во црквата Свети Доминик во Сплит.

Според хрватските медиуми Грашо за време на венчавката плачел во црквата.

Додека хорот во црквата ја пеел песната „All You Need Is Love“ од неговите омилени Битлси, Грашо пуштил солза.

По церемонијата, младенците прославата ја продолжиле во ресторан. Хана, судејќи по фотографиите на Инстаграм, од венчаница се сменила во обичен бел фустан, а бидејќи фустанот бил потесен од венчаницата, до израз дошол трудничкиот стомак на Хана, кој досега не го покажала.

На почеток