Македонија

Охриѓанец натепан, а си заминал и со искршен автомобил – насилникот заврши во затвор

На 21.02.2022, по преземени мерки и врз основа на решение од Основен суд Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода А.Ф.(41) од Охрид. Тој, на 19.01.2022 во 19.40 часот, во угостителски објект на кеј „Македонија“ во Охрид оштетил дел од инвентарот, физички го нападнал Г.Б.(58) од Охрид и при заминување од објектот го оштетил автомобилот на нападнатиот.

Од страна на судија на претходна постапка одредена му е мерка притвор, по што тој бил предаден во Казнено – поправната установа Затвор Охрид.

На почеток