Македонија

ФОТО: Нова сообраќајка на местото каде загина младиот охриѓанец

На местото каде вчера загина млад охриѓанец, денеска се случи нова сообраќајна несреќа. За среќа, овојпат без жртви, туку само со материјална штета. Во попладневните часови, кога врнеше и дожд, на патот Охрид-Подмолје имаше мала сообраќајка помеѓу две возила со охридски регистарски ознаки.

Едно од возилата е „Ренџ ровер“, во кое удри друг автомобил. Патот беше блокиран скоро еден час, по што, сообраќајот се одвиваше без застој. И по оваа сообраќајка, одново се отвора прашањето, дали патниот правец е безбеден за возачите. На овој дел, речиси и да нема месец кога нема сообраќајка, а често завршуваат и со тешки повреди.

За потсетување, вчера, на ова место загина 30-годишен охриѓанец.

Детали за несреќата каде загина охриѓанецот: Еден од возачите бил пијан

Загина млад охриѓанец, нова ужасна несреќа на автопатот во изградба

На почеток