Свет

ЕУ закажа вонреден состанок за нови санкции против Русија

Лидерите на земјите членки на Европската унија денеска ќе одржат вонреден состанок на кој ќе разговараат за новите санкции против Русија поради одлуката на Москва да започне воена акција во Украина.

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, ќе претстави нов пакет санкции, кој го финализира ЕК и кој брзо ќе биде усвоен од Советот на ЕУ, се наведува во соопштението од Брисел.

„Дополнителните рестриктивни мерки… ќе предизвикаат обемни и тешки последици за Русија поради нејзината акција“, беше објавено.

На почеток