(ВИДЕО) Први снимки од руската инвазија на Украина!
Руските трупи влегоа во Одеса и Мариупол, а прашање е кога Харков ќе биде заземен, соопштија украинските власти.
Министерството за внатрешни работи на Украина преку социјалната мрежа Телеграм објави дека Русите ракетираат украински борбени авиони на аеродромот надвор од Киев.
Ова се првите снимки.
Shelling of Mariupol. OSINT mavens, have at it. pic.twitter.com/ErUKzaHjy1
— Michael Weiss (@michaeldweiss) February 24, 2022
Експлозии одекнуваат во близина на воениот аеродром во Харков:
Chuguyev military airfield, Kharkiv region: pic.twitter.com/REHCiZYODu
— Michael Weiss (@michaeldweiss) February 24, 2022
Во Киев се огласијa сирените за воздушна опасност:
This is what Kyiv sounds like right now pic.twitter.com/Kazs6ROeDh
— Myroslava Petsa (@myroslavapetsa) February 24, 2022
Според податоците што ги објави Украинската агенција за вонредни состојби, се наведува дека Русите нападнале 10 украински региони, пред се на истокот и југот на земјата.
Explosion in Ukraine’s Maruipol pic.twitter.com/uOv0J6ceve
— Rohan Dua (@rohanduaT02) February 24, 2022
Најмалку седум „моќни“ воздушни напади се извршени на аеродромот Василковски во близина на Киев, каде се наоѓаат украинските воени авиони, соопштија воени претставници, а пренесува „Гардијан“.
Во извештаите се наведува дека ова е само „ограничена и контролирана акција на Русија“, како што тврди Кремљ.
„Ова изгледа како серија воени операции со различни намени, започнати од Одеса на југозапад до Мариупол и Харков на север и Киев како главни цели“, рече новинарот на Гардијан, Питер Бомонт.