Свет

Русите во Москва шокирани од инвазијата на Путин: Не мислев дека ќе оди до крај!

На Стариот Арбат, една од најпрометните пешачки улици во Москва, многумина изразија шокираност што Русија извршила сеопфатен напад врз Украина, пишува Гардијан.

„Не мислев дека Путин ќе биде подготвен да оди до крај. Како можеме да ја бомбардираме Украина? Имаме наши несогласувања, но тоа не е начин да ги решиме“, рече Ксенија Фадејева.

„Се срамам од мојата земја. Да бидам искрен, останав без зборови. Војната е секогаш застрашувачка. Ние не го сакаме ова“, рече Никита Голубев.

„Не можев да поверувам на веста што ја прочитав утрово. Војната со Украина? Што правиме? Се чувствувам немоќна“, рече Татјана, која побара нејзиното презиме да не се објавува.

Украинскиот културен центар во Москва соопшти дека денеска е затворен поради инвазијата. Украинскиот администратор, кој не сакаше да го каже своето име, рече: “Не бомбардираат додека разговараме. Се разбира дека сме затворени! Исусе, што се случува?”

На почеток