Свет

Киев е во вистински хаос, гужви за излез од градот но и во супермаркетите, банките и аптеките

Огромен број луѓе го напуштаат Киев, главниот град на Украина, пишуваат светските медиуми. Во градот се слушаат сирени, а патиштата кон излезите од градот се пренатрупани.

Репортерката на N1 телевизија Ана Млинариќ во живо известуваше од Киев и изјави дека податоците од Google Maps покажуваат дека од утринава има многу сообраќај и дека патот кон западот на земјата е метеж. Таа додаде дека голема гужва има и на други места – во банки, аптеки, супермаркети, на бензински пумпи.

„Се чини дека сообраќајот преку Северниот мост во Киев во четвртокот наутро се движи кон запад, без автомобили на исток“, пишува CNN.

На почеток