Свет

Порака од НАТО: Косово и Западен Балкан да не се грижат

Косово и регионот на Западен Балкан не мора да се грижат, бидејќи НАТО останува посветен на стабилноста на регионот, без оглед на ситуацијата во Украина, изјави портпаролот на КФОР.

„Атлантската алијанса останува силно посветена на стабилноста на регионот на Западен Балкан. Нашата соработка со Европската унија во регионот останува суштинска и ќе продолжиме да работиме заедно за одржување на стабилноста и поддршка на реформите“, рече Даниеле Риџо на Приштинскиот весник Коха Диторе.

Тој додаде дека КФОР е фокусиран на секојдневното спроведување на својот мандат на ОН низ Косово, со цел да се обезбеди безбедна средина. „Секоја промена во мисијата на КФОР ќе остане условена“, рече портпаролот на КФОР.

На почеток