Свет

Рации во Пеќ и Приштина, запленети 83 килограми хероин

Седум лица се уапсени во рации на пет локации, пред се во регионот на Пеќ и Приштина, а по двајца се трага, соопштија на заедничка прес-конференција претставници на полицијата, царината и обвинителството во Феризај, пренесува КоСсев.

Главниот обвинител во Урошевац, Шукри Јашари, потврди дека на царинските терминали е запленет хероин и дека дестинацијата била Приштина.

Решат Мурсели од Управата за борба против дрога на косовската полиција изјави и дека се запленети два автомобили.

Веднаш по заплената, честитки упати косовскиот министер за внатрешни работи Џељаљ Свечла, кога првично беа уапсени две лица.

„Кога постои волја за искрена соработка меѓу различни институции за да се обезбеди владеење на правото во војната против организираниот криминал, резултатите не изостануваат. 83,5 килограми помалку хероин на пазарот, уште двајца криминалци во косовските затвори“, се вели во честитката на Фејсбук.

На почеток