(ВИДЕО) Kако изгледаат украинските градови во моментов
Новинарите и дописниците на светските медиуми кои се во Украина се тркаат да опишат што е можно поверно каква е ситуацијата во оваа земја.
Сето тоа се објавува на социјалните мрежи, особено на снимките во живо.
Луѓето се збунети, исплашени, не знаат што да прават. Од утрово бескрајни колони возила имаше на улиците на главниот град на Украина, исклучиво кон излезот од Киев.
Украинскиот амбасадор бара Турција да ги затвори морињата за руските сили.
И додека најновите информации за ескалација на воените конфликти пристигнуваат од бојното поле, бројни камери од градовите низ Украина снимаат нешто помирна ситуација на улиците.
Еден канал на Youtube прикажува четири камери од украинските градови: плоштадот Киев Мајдан, Одеса, Харков и Днепар.
Ситуацијата сега е секако помирна, на улиците речиси и нема луѓе, а возила има се помалку.
Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко денеска воведе полициски час со цел да се зачува „безбедноста“ на жителите по почетокот на руската инвазија на Украина.
„Полицискиот час ќе трае од 22.00 до 7.00 часот“, рече Кличко, додавајќи дека јавниот превоз во овој период нема да работи, но метро станиците ќе останат постојано отворени за да служат како засолништа во случај на итни воздушни напади.