Свет

Стотина Украинци загинаа

Русија во четвртокот започна инвазија на Украина. Западот реагираше со нови санкции и осуди, а од Украина доаѓаат пораки дека се осамени во својата борба. Украинскиот претседател Володимир Зеленски прогласи општа мобилизација, а рускиот претседател Владимир Путин се обиде да расудува со својот француски колега Емануел Макрон.

„Нашите воини се силни, мотивирани и нескршливи. Нашиот народ е силен во единството“, велат од украинското Министерство за одбрана и додаваат дека одбранбените операции против супериорниот непријател се водат во четири правци.

Според последните информации, според кои руските сили го стегаат обрачот околу главниот град на Украина.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека на првиот ден од инвазијата биле убиени 137 Украинци, а не сака да ги процени загубите на украинската армија. Висок функционер на Пентагон вели дека ваква офанзива не е видена во последните 70 години.

Русите се уште не влегле во западниот дел на Украина и нема знаци за амфибиски напад од југ, од Црното Море.

На почеток