Македонија

(ВИДЕО) „Путин убива деца“, од Скопје се бара да прекине војната, а Европа да се разбуди

„Путин фашист!, Путин фашист!“, „Стопирајте ја војната во Украина“, „Путин убиец“, „Путин убива деца“. Украинци во Македонија бараа да се стопира војната во Русија.

„Тука сум повеќе од пет години, дојдовме тука да започнеме бизнис. Во Украина имам мои пријатели, блиски. Кога видов што се случи, тоа беше шок за мене. Не можев да сфатам што се случува во 21 век. И сега ги гледам сите овие чекори на Русија. Мислам дека 99 проценти од светот не може да разбере што се случува. Европа разбуди се, Русија што правиш?! Во Украина имам мајка, татко, внуци, многу блиски роднини. Јас сум на протестов за сите мои Украинци. Ова е минимум што можам да го направам. Јас нема друг избор, јас сакам да ја одбранам државата. Ако треба ќе одам да се борам. Ние никого не напаѓаме, само се браниме. Путин е убиец“, рече Андреј Х. државјанин на Украина кој живее во Македонија.

„Ние сме принудени да дојдеме во 21 век, да дојдеме до Амбасада на агресор и да им кажеме дека не е нормално да гинат луѓе за Путин да остане на власт. Нашата војска е спремна да даде отпор, ама целта е да има мир на Балкан, Украина, Европа. Путин убива невини луѓе. Семејството во Украина е загрижено, ако треба ќе дадат и отпор. Ако има протести низ цел свет, ќе запре војната. Ќе пробаме на мирен начин. Ние сме спремни да помогнеме на Украинците за било која помош“, Александар Убановиќ, претседател на здружението на Украинци во Македонија.

„Денеска ме прашаа како се чувствувам за случувањата во Украина, тоа како да имаш неизлечива болест. Кај мене настанаа по овие фази, следната, гнев. Јас сум преполна со гнев. Во сегашноста некој може да нападне држава, поради нереални причини. Ние бараме ослободување, ние сме слободни и го избравме патот. Знам дека денешниот протест нема да смени многу. Но секојслободен човек може да изрази протест на овој начин“, рече украинката Камила Велковска, која во Македонија живее повеќе од 25 години.

На почеток