„НАТО сакаше да ја уништи Југославија, а Русија не сака да ја уништи Украина“, вели Захарова


НАТО сакаше да ја уништи СР Југославија за време на бомбардирањето во 1999 година, додека Русија спроведува специјална воена операција во Украина со одбранбена цел.
Захарова од руското МНР ја коментираше изјавата на Танјуг дека многу аналитичари ги споредуваат аргументите и воената стратегија на Путин во Украина со онаа што ја користеше НАТО за време на нападот врз Југославија.
„Таквите споредби не се ниту адекватни, ниту валидни. Знаеме како Западот сака да фалсификува и искривува факти. Второ, министерот Лавров претходно денеска на конференцијата потсети дека НАТО ја бомбардира Југославија. Вие баравте разлики? Значи, НАТО тогаш таргетираше воена и цивилна инфраструктура. Ја бомбардираа кинеската амбасада, рекоа дека е грешка. Колку цивили беа убиени затоа што биле на погрешно место и во погрешно време поради бомбите на НАТО“, вели Захарова
„Која беше целта на бомбардирањето на НАТО? Тоа беше акција против граѓанското општество. Нема да навлегувам во темата за ураниумска муниција. Нашата воена операција има одбранбена цел и ова не е прв пат да се случува“, рече таа.
Захарова рече дека режимот од Киев испратил војници на истокот на Украина за да убиваат во 2020 година, како и минатата година.
„Тие испратија тенкови и различно оружје против своите граѓани кои беа лојални на нивната влада и не сакаа да се потчинат на неуставната влада. Тоа беше агресија во името на режимот во Киев. Тогаш луѓето од истокот побараа помош од нас за прв пат“, рече таа.
Таа потсети на референдумите во Доњецк и Луганск.
„Тогаш гласањето беше јавно, на овие луѓе им пративме хуманитарна помош, лекови, разни видови помош, за деца, немаше да го преживеат студот да не им помогневме… Помогнавме во нацрт-договорот од Минск. Пробувавме осум долги години да го убедиме Киев да се држи до Договорот. Се обидовме да го свртиме вниманието на одговорните луѓе (во Киев), но сите тие можности исчезнаа“, додаде таа.
Захарова истакна дека во меѓувреме било доставено ново оружје во Украина, дека луѓето морале да ги напуштат своите домови и затоа Русија морала да започне операција.
„Тоа се насочени удари врз воената инфраструктура. Во јуни 2021 година го свртевме вниманието на провокациите и субверзиите на земјите од НАТО насочени кон нашата земја. Ќе ве потсетам на упадите на бродовите на НАТО во Црното Море. Провокациите не престанаа таму, потоа продолжија од воздушниот простор. Сето ова се случи над нашата територија и Црното Море. Од октомври до ноември регистриравме пет-шест воздушни инциденти. Украина се обиде да не испровоцира на секој можен начин, користејќи своја и НАТО опрема, како и разни видови офанзивно оружје“, нагласи таа.
