Русија им се заканува на Шведска и Финска: „Ќе претрпите опасни воени и политички последици доколку влезете во НАТО“


Марија Захарова ги предупреди и Финска и Шведска дека ќе се соочат со „опасни воени и политички последици“ доколку се обидат да влезат во НАТО.
Захарова попладнево на прес-конференција во Москва предупреди дека приемот на Финска или Шведска во НАТО ќе предизвика сериозен одговор од Москва.
„Сметаме дека посветеноста на финската влада на воената политика на неврзување е важен фактор за обезбедување безбедност и стабилност во северна Европа“, додаде таа.
„Интензитетот на интеракциите меѓу Хелсинки и Стокхолм со НАТО не е ништо ново. Ја видовме оваа политика низ годините. Но, Финска и Шведска не треба да ја засноваат својата безбедност на загрозување на безбедноста на другите земји“, заклучи Захарова.
