(ВИДЕО) Украинка му се спротивстави на руски војник: „Кој к*р правиш во нашата земја?“

Од
Објавено на

Украинка денеска застанала пред двајца тешко вооружени руски војници и ги прашала што прават во нејзината земја. Видеото набрзо стана вирално на социјалните мрежи.
„Кој к*р правиш во нашата земја? таа му се развика на војник во пристанишниот град Хеническ на Азовското Море додека тој се обидуваше да ја смири. Таа замина, а потоа се врати и му рече:
„Треба да ставите семки од сончоглед во џебовите за да растат на украинска почва откако ќе умрете“, изјави таа за Daily Mail.
Жената стана сензација на Твитер, а повеќето ја пофалија за „необичната храброст“ и изразија поддршка за неа.
