Свет

Америка се огласи по одлуката на Србија

Амбасадата на САД во Белград се огласи на Твитер по вечерашната презентација на српскиот претседател Александар Вучиќ.

„САД го поздравуваат повторениот став на Србија и на претседателот на Србија за поддршка на територијалниот интегритет на Украина, кој е нарушен со незаконски и неиспровоцирани напади од Русија“, велат од амбасадата.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ вечерва пред јавноста ги прочита заклучоците на Советот за безбедност, каде меѓу другото наведува дека „Србија искрено жали за настаните во Источна Европа и дека Русите и Украинците се наши братски народи“.

На почеток