Актуелно

Русија нема да учествува на Евросонг

На Русија нема да и биде дозволено да учествува на годинешниот музички натпревар Евросонг, соопштија организаторите на настанот ЕБУ.

Организаторите на настанот, сметаат дека учеството на Русија може да му донесе лоша репутација, поради кризата со Украина.

Оваа мерка доаѓа само еден ден откако ЕБУ соопшти дека на Русија сепак ќе и биде дозволен настап на фестивалот.

Западните влади веќе најавија низа санкции против Русија.

На почеток