Руските војници кај Конотоп останаа без гориво?
Руските војници застанаа во близина на североисточниот град Конотоп, откако претрпеа големи загуби за време на борбите, соопштија украинските копнени сили.
Имаат проблем со гориво и снабдување, се наведува во соопштението и се додава дека имало случаи на грабежи од руски војници во локалните продавници, пренесе Ројтерс.
На периферијата на градот имало околу 40 единици запалена руска опрема.
„По тешките борби и големите загуби, расистичките окупатори застанаа во близина на Конотоп. Имаат проблем со гориво. Тие одат со канистри и се обидуваат да купат гориво. Војниците на окупаторските сили бараат храна од локалното население. Евидентирани се случаи на грабежи на трговски објекти од страна на руските окупатори.
На периферијата на градот има околу 40 единици запалена руска опрема.
Можете да им помогнете на окупаторите со гориво и шеќер.
Не даваме никакви препораки во врска со исхраната на руските војници. Вие самите знаете сè“, стои во објавата на социјалните мрежи