Актуелно

Охрид е спремен да прими Украински бегалци, вели Пецаков

Охрид подготвен да ги прими Украински бегалци кои ја напуштаат земјата по Рускиот напад на Украина. Градоначалникот Пецаков најави дека градот стои на располагање да помогне доколку државата го побара тоа, додека пак хотелиерите посочија дека ќе ги отворат вратите на хотелските капацитети долж езерото за престој на украинските граѓани.

– Ако се побара од нас, секако дека стоиме на располагање. Во принцип го почитуваме територијалниот интегритет на Украина и ова треба да се реши на мирен начин со преговори, зошто војна во никој случај не е решение – рече Пецаков.

На почеток