(ФОТО) Актерот Шон Пен испрати порака од Украина: Ова е брутална грешка
Американскиот актер и режисер Шон Пен моментално е во Украина, каде планира да сними документарен филм за тековниот конфликт, а во изјава за „People“ рече дека „американската душа ќе биде изгубена“ доколку Украинците се остават сами на себе.
Тој целиот конфликт го нарече „брутална грешка“.
„Тоа е веќе брутална грешка на одземени животи и скршени срца, а ако не попушти, верувам дека Путин ќе ја направи најстрашната грешка за целото човештво“, рече Пен.
Тој понатаму рече дека претседателот Зеленски и украинскиот народ се издигнале како историски симболи на храброст и принципи, и ја нарече Украина врвното „копје на демократијата“.
– Ако дозволиме Украина да се бори сама, душата на Америка е изгубена – изјави познатиот актер.
Како што објавија украинските медиуми пред неколку дена, Пен дошол во оваа земја за да му ја каже на светот вистината за руската инвазија.