Свет

Америка за нуклеарките на Путин: Имаме капацитет да се одбраниме

Одлуката на рускиот претседател Владимир Путин да ги стави нуклеарните сили на Русија во боева готовност е како дел од поширокиот шаблон на неиспровоцирана ескалација и „производство на закани“ од Кремљ, изјавија денеска од Белата куќа.

– Ова навистина е шаблон што го гледаме од претседателот Путин во текот на овој конфликт, а тоа се производство на закани кои не постојат за да се оправда понатамошна агресија и меѓународната заедница и американскиот народ треба да гледаат на ова преку таа призма, изјави портпаролката на Белата куќа, Џен Псаки, во интервју за „Еј-би-си“.

„Ние се спротивставуваме на тоа и имаме капацитет да се одбраниме, и да повикаме гласно за тоа што Путин го прави“, додаде таа.

На почеток