Коментари

Зеленски излезе државник и пол, кај нас бираме државници и добиваме трагикомедии, посочи новинарот Мицковски

Новинарот Ивор Мицковски го сподери претседателот на Украина, Володомир Зеленски со политичарите од домашната сцена кои раководат со Македонија. Тој посочи „Кај нас бираме ептен државници од старт па добиваме само трагикомедии“.

„Овој Зеленски уствари испадна лажен комичар, чоеков да ти бил државник и пол. Толку за вицкастите од кај нас дека ако си одбрал комичар ќе си јадел ракети. Кај нас бираме ептен државници од старт па добиваме само трагикомедии.

Како и да е, нека е жив и здрав Зеленски, не потсети на тоа како се одржуваат вредности и принципи во модерно време, кога секој има свое мислење и со никој и никаде не можеме да се сложиме околу важните работи во животот.
Човеков Зеленски, овој Давид против Голија, овој Владимир комичарот против Владимир диктаторот, покажа храброст и гордост, како еден Аљенде пред кукавицата Пиноче.

Еден кловн, актер, кабаре артист се претвори во воен лидер и го исмејува силеџиството на пресериозниот во животот Путин. Токму ваквите ќе го турнат Путин и верувам дека Путин веќе чувствува страв.
Нека релативизира кој колку сака воден од какви и да е небулози или интереси, ама дечково веќе згази и стана европски херој. Се надевам дека ќе го преживее сопственото херојство и националното спротивставување на оваа сурова и нечовечка агресија“, напиша Мицковски.

На почеток