Скопје

СДСМ Карпош: Да се одржи вонредна седница на Советот за носење на ДУП за да се избегнат трошоци за штети и камати

Советничката група на СДСМ во Општина Карпош до претседателот на Советот, Бранко Ристов, поднесе Барање за свикување на седница на Советот со единствена точка на дневен ред: Усвојување на Детален урбанистички план за градска четврт 3 04, блок 5.

Барањето за одржување на оваа седница е со цел да се избегнат трошоци и камати кои Општина Карпош и државата ќе треба да ги платат ако не се донесе овој Детален урбанистички план, согласно тужбено барање поднесено од страна на правно лице.

За овој ДУП претходно е обезбедена согласност од страна на Град Скопје и Министерството за транспорт и врски, како и сите други институции кои се дел од постапката за носење на планови согласно Законот за урбанистичко планирање.

Од суштинско значење е седницата да се одржи денеска, ДУП-от да биде донесен, за службите и правните застапници навремено да ја подготват документацијата за рочиштето кое е закажано за петок, 04.03.2022 година.
Претседателот на Советот од Левица, има обврска пред граѓаните да ги преземе сите неопходни чекори согласно законските надлежности, за да спречат идни финансиски штети врз Општината и државата.

На почеток