Цел ден вчера пратениците на ВМРО-ДПМНЕ го блокираа разрешувањето на член на Комисијата за избори, обвинува СДСМ
Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието наместо да се посветат на интересите на граѓаните, во континуитет посветени се на блокади, деструкции и искористување на овој орган исклучиво за лични и партиски интереси, вели СДСМ.
„Цел ден вчера пратениците на ВМРО-ДПМНЕ го блокираа разрешувањето на член на Комисијата за избори и именувања и не дозволуваа волјата на гласачите да биде пресликана и во работните тела на Собранието.
Во изминатата година и пол ВМРО-ДПМНЕ блокира 30-40 закони кои се од суштинско значење за граѓаните.
Еден од законите кој ВМРО-ДПМНЕ речиси цела година го блокираат е Законот за наставници и стручни соработници, кој предвидува нивниот коефициент на плата да се корегира со пораст на минималната плата, а целата јавноста виде дека се подготвени да применат и физичко насилство само за да не усвојат овие измени.
ВМРО-ДПМНЕ со месеци го блокира Законот за служба на Армијата, односно решението за припадниците на Армијата со навршени 45 години.
ВМРО-ДПМНЕ претходно се противеше на раст на минималната плата, нивните функционери заплашуваа дека ќе колабира домашната економија ако минималната плата се покачи.
ВМРО-ДПМНЕ е насочена директно против итересите на граѓаните и интересите на државата како ниедна друга опозиција во светот.
СДСМ и парламентарното мнозинство имаат одговорност да овозможат нормална работа на Собранието и неговите работни тела.
За нас, интересите на граѓаните се на прво место и ќе направиме се законите да бидат донесени и да обезбедиме подобар животен стандард за граѓаните.
Нема да дозволиме да успеат блокадите и деструкциите на ВМРО-ДПМНЕ“, се вели во соопштението.