Македонија

(ВИДЕО) ОМ: Мицкоски ја лаже јавноста, ниту еден член од ОМ Могила не премина во ДПМНЕ

Независниот советник Борче Бучински, носител на независна листа за време на Локалните Избори од 2017година од Могила, лажно се претставува дека е член на нашата партија, со цел да предизвика збунетост кај граѓаните, велат од Обединети за Македонија.

„Борче Бучински, независниот советник работи во интерес на ДПМНЕ од почетокот на неговиот мандат.

Актуелен Претседател на нашата Организација во Могила е Борче Сабатоски, кој останува во Обединети за Македонија и е наш почитуван и лојален член. Слободно можете да ги проверете листите низ интернет, затоа на крај од овој прес, доставуваме документ од  Државната комисија за спречување на корупцијата, достапен онлајн за граѓаните.

Ние заедно со Владата работиме во интерес на земјоделците, се трудиме да ја поправиме оваа десетгодишна погубна политика на ДПМНЕ во овие и во другите сфери.

Ова е доказ дека Мицкоски и ДПМНЕ наместо да ја прочистат и да ја реорганизираат партијата, да ја направат проевропска, со ваквите модерно-удбашки методи, го манипулираат народот и го лажат. Затоа порачуваме до ДПМНЕ: На ваквите модерно-удбашки методи нашиот народ не верува повеќе. Прочитани сте и очигледни во вашите намери“, велат од партијата.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

To Top