Македонија

Симона Спировска: Ми стигна прекршочната пријава, нема да делам ист печат со амнестираните

Активистката и актерка, Симона Спировска на својот Фејсбук профил објави дека и стигнала прекршочна пријава, но и дека истата нема да ја обжали. Таа додава дека ќе продолжи да ги негува идеалите и како што вели нема да дели ист печат со амнестираните и амнестирачите.

„Во ова предновогодишно и амнестирање(пропратено со лоботомија како еден од условите) ми стигна прекршочната за 27.06.2016, кога ме приведоа. Не сум ја однела да ја обжалам и нема. Решив да си ги плаќам веднаш по примањето. И тие обжалените кога ќе ми стигнат ќе си ги платам. И би одлежала ако не можам да ги доплатам само за да продолжам да си ги негувам идеалите и да не делам ист печат ни со амнестираните, нит пак со амнестирачите.
Грозен ви е злочинот, гадове!!!
Смрдите на шиткачи! Шиткачи на вредности!
Не сте само амнестирачи ами и соучесници.
Јас уште верувам дека еден ден ќе има овде држава, а тогаш ќе одговарате“, стои во објавата на Фејсбук.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

To Top