Македонија

Мијалков, Јанакиески, Камчев и останатите излегуваат од „Шутка”

Вечерва или најдоцна до утре, од притвор со одлука на судија од скопска единица ќе излезат Миле Јанскиески, Кирил Божиновски, Сашо Мијалков, Орце Камчев, Цветан Панделески и други познати политички и бизнис личности кои во последните два месеци по барање на СЈО завршија во затворот “Скопје”, пишува Судство.мк.

Според нив причината за ваквата одлука, барем официјално, е тајна. Се претпоставува дека зад одлуката се крие политички договор меѓу власта и опозицијата.

Исто така оттаму велат дека дел од роднините на притворените со кои контактирале ја потврдиле веста и изјавиле дека очекуваат повик кога да ги пречекаат пред затворот.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток