Коментари

„Во општество каде за силувана жена викаат дека си го барала, ова не е празник“, реакција за 8-ми Март наместо честитка

По повод 8-ми Март, Меѓународниот ден на жената, низа пораки се објавуваат од почитичарите, но и јавните фаци. Една од нив е Ина Многуфина. Таа им порача на сите жени дека никој не смее да ги гази. Објасни и како функционира општеството.

„Во општество каде полиција не пишува записник кога тепаат жена, каде за силувана викаат си го барала, каде интелектуалци обвинуваат за геноцид жени што не раѓале, каде шефови имаат само мажи менаџери дека жени тоа не можат, каде имаме висок степен на фемицид, каде домот е најнесигурно место за жени жртви од насилство, каде во руралните средини сервилност и ќотек се дел од фолклор, каде за истото маж е фраер, а жена курва, каде малограѓанството глуми систем на вредности па ти кажува како да живееш…

Во вакво општество ништо околу рамноправноста не е среќно, па ни празник. Имаме уште многу работа жени, борбата продолжува! Никој не смее да ве гази!“, напиша таа.

На почеток