Македонија

Бараме намалувањето на ДДВ-то и акцизата кои се наш предлог да се гласаат уште денес, кажа Јаулески

Пратеникот Јован Јаулески од ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека неговиот став како и ставот на пратеничката група е уште денеска да се изгласаат нивните предлози за намалување на ценовниот шок.

„Македонија и македонскиот народ се соочуваат со огромна криза.

Во таа насока, доколку власта е навистина заинтересирана да им помага на граѓаните како што вели, треба веднаш и без одлагање да ги прифати предлозите на ВМРО-ДПМНЕ за намалување на ДДВ-то на сите производи за исхрана од 5 на 0% и акцизите за горивата за 50%!

Бараме овие два предлози кои веќе се влезени во Собранието на Република Македонија, веднаш и уште денес да се стават на нова и итна пленарна седница.

Народот веќе нема ниту трпение, ниту пак пари да ја надмине оваа криза“, напиша Јаулески.

На почеток