Сите пратеници да ги поддржат новите мерки на Владата за помош на граѓаните, бара СДСМ


„Владата предводена од СДСМ донесе сеопфатен пакет од 26 антикризни мерки кои ќе го заштитат стандардот на граѓаните и ќе му помогнат на стопанството брзо да ги надмине негативните ефекти од глобалната економска и енергетска криза“, вели СДСМ.
Оттаму додаваат:
„За реализација на клучните мерки потребни се измени и дополнувања на одредени закони.
Сите пратеници имаат одговорност и обврска пред граѓаните што ги избрале да дадат поддршка на овој пакет економски мерки во вредност од 400 милиони евра.
Покрај мерките за намалување на акцизите и ДДВ на горивата, обезбедена е поддршка и за најранливите категории, поддршка на компаниите за задржување на нивната ликвидност и се однесуваат на мерки за зголемување на можноста за енергетска трансформација на компаниите по најповолни услови односно со субвенционирани каматни стапки.
ВМРО-ДПМНЕ треба да се откаже од блокадите, да ја признае успешноста на пакетот мерки и во Собранието да ги изгласа потребните закони за нивна реализација“.
