Македонија

Униформите на полицијата ќе бидат двојазични, одлучи Владата

На новата седница Владата ја донесе Уредбата за униформата и ознаките на униформата на полицијата.

Оваа Уредба е донесена врз основа на Законот за употреба на јазиците, каде што според член 8 став (3) е утврдено дека униформите на полицијата во Скопје и во општините во кои најмалку 20% од граѓаните зборуваат службен јазик различен од македонскиот јазик, се напишани на македонски јазик и неговото кирилско писмо, како и на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните во Република Северна Македонија и неговото писмо.

На почеток