Актуелно

Од Шарена очигледно ќе настрадаме само јас и Владимир Куновски, вели Савески

Од целата одамна заборавена Шарена очигледно ќе настрадаме само јас и Владимир Куновски, вели поранешниот функционер на Левица, Здравко Савески.

„Откако не’ влечкаа по судови цели 6 години (со намерен бојкот од медиумите), на само неполн месец пред застарувањето на предметот, нас ќе не’ осудат како да сме некои тешки криминалци. Иако имаше 2 ослободителни пресуди од Основниот суд, Апелациониот суд доби напатствија од власта да ја промени пресудата.

Не сакаа да ги сослушаат следоците што ги предложивме. Не сакаа да ни дадат право да дадеме исказ. Не сакаа да ги гледаат снимките од настанот. Веќе се’ си знаеја. Не сакаа да земат предвид дека државата веќе ја наплати штетата. Не дозволија ниту завршни зборови на адвокатите и обвинетите. На одбраната ѝ дозволија само едно рочиште во цели 6 години (онака, да не биде без ич), а сето останато време се занимаваа со „доказите“ на обвинителството.

А како шлаг на тортата, ќе ја донесат пресудата по само ден и пол по нецелосните завршни зборови, во петок во 9.

Да кажи човек дека сето ова е шокантно газење на правото од страна на лица што се платени да го штитат правото и што треба да бидат неутрални – значи да се третира ова како исклучок, а не како правило. Нема ниту демократија, ниту правна држава, ниту правда. Има злоупотреба на судството и институциите, при што може криминални дела да поминат неказниво, а може и да те осудат за ништо, без докази и без право да се браниш.

Пресудата не мора да ја носат во петок. Таа одамна е донесена од страна на вонсудски органи“, додаде тој.

На почеток