Коронавирус

Голем раст на бројот на заразени со ковид во Австрија

Во Австрија бројот на новозаразени со коронавирус постојано расте, а експертите очекуваат значително да се зголеми бројот на пациенти со Ковид во болниците.

На крајот на месецот очекуваат дека бројот на заболени од Ковид на интензивна нега ќе биде 300, а на „нормалните“ одделенија околу 4.000.

Експертите очекуваат дека следната среда бројот на заболени од Ковид ќе се зголеми на 3.900, а за 14 дена на повеќе од 4.000.

Во моментов во болниците низ Австрија се лекуваат 2.812 пациенти со Ковид.

Што се однесува до бројот на новозаразени следната среда, нивниот број би можел да достигне околу 69.000.

Австрија на 5 март ги укина речиси сите епидемиски мерки, а оттогаш драстично скокна бројот на новозаразени.

На почеток