Коронавирус

Се зголемува бројот на заразни со ковид и во Кина

Кина треба да преземе поефикасни мерки за борба против Ковид-19 и да го минимизира влијанието на епидемијата врз економскиот и социјалниот развој, рече кинескиот претседател.

„Кина треба што е можно поскоро да го ограничи моментумот на вирусот со придржување кон политиката на „динамично чистење““, рече Кси Џинпинг за време на претседавањето со состанокот на Политбирото, највисокото тело за одлучување на владејачката Комунистичка партија на Кина.

Светските медиуми претходно објавија дека Кина се соочува со повторно зголемување на случаите на инфекција со коронавирус.

Иако Кина е земја со најригорозни епидемиолошки мерки, бројот на нови случаи нагло се зголеми во последните неколку дена, па кинеската економија е загрозена бидејќи многу големи фабрики се соочуваат со недостиг од работници, но и со затворање.

На почеток