Свет

Кремљ ја отфрли одлуката на судот на ОН за прекинување на инвазијата на Украина

Кремљ денеска ја отфрли одлуката на Меѓународниот суд на правдата (МСП), највисокиот суд на ОН, со која се наложува Русија веднаш да ги прекине воените операции во Украина.

„Не можеме да ја земеме предвид оваа одлука“, рече портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, нагласувајќи дека двете страни, Русија и Украина, мора да се согласат со одлуката за да може да се спроведе.

„Во овој случај нема согласност“, рече Песков.

Постапката пред МСП беше покрената од Украина на 26 февруари, два дена по почетокот на рускиот напад, барајќи од судот да и нареди на Москва да ја запре инвазијата. Киев во средата ја поздрави одлуката на судот како „победа на правдата и победа на Украина“.

Русија ги бојкотираше сослушувањата на 7 и 8 март, но во писмен документ ја отфрли судската одлука. Во тој документ тврди дека инвазијата ја врши заради самоодбрана.

На почеток