Свет

(ФОТО) Британците објавија нова мапа со руски напади и освојувања

Британското Министерство за одбрана објави нова мапа со руски напади и освоена територија. Станува збор за мапа која британското Министерство за одбрана ја објавува секој ден во раните попладневни часови.

Во претходниот извештај на британската влада се вели дека Русите биле запрени буквално насекаде. Тоа се гледа на мапата, каде практично со денови нема напредок.

Со црвено е означена територијата освоена од Русите. Насоката на руските напади е означена со црвени стрелки.

Британското Министерство за одбрана во неодамнешното соопштение соопшти дека руската офанзива во Украина е запрена на сите фронтови, пренесува Би-би-си.

Во соопштението се додава дека руските сили „постигнале минимален напредок на копно, море или воздух во последните денови и продолжуваат да трпат големи загуби“.

„Отпорот на Украина останува упорен и добро координиран. Огромното мнозинство на украинска територија, вклучително и сите поголеми градови, останува во украински раце“, се додава.

Украинската војска вели дека напорите на Русија сега се префрлени на воздушни напади, бомбардирање и гранатирање цивили бидејќи тие не успеале во нивните копнени операции.

На почеток