Коментари

„Плати повеќе данок за да може Груби да земе плата 170 000, а не да се мачи со 70 000“, јавноста иритирана од министерот

Мојата плата како вицепремиер е 70.000 денари, истакна во анализата на 24 Вести, заменикот на премиерот и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби.

„Јас како функционер земам најмала плата. Претходно сум имал повисока плата. Платата на министрите и на пратениците не е покачена со години. Тоа што ние како влада направивме е покачување на минималната плата на 18.000 денари. Сега ние ли треба да ги намалиме нашите плати“, рече Груби.

Ова наиде на остри реакции од јавноста. Голем дел пишуваат и иронични коментари. Со оглед дека во Македонија, повеќето од населението живее со минимални приходи или со по една минимална плата – изјавата на Груби им се виде иритантна.

Дел од коментарите, ви пренесуваме во целост:

„Скенирајте појако, може ќе стигнете до 70.000, колку еден минималец на Груби“, пишуваат по изјавата.

„До кое ниво се доведовме во државава ? Неинтелектуалени сурати не водат ! 🙁 А лапаат ли лапаат кеш. Мамицата..“, стои во друг коментар.

„Вака се сака државата! Кога може Груби можеш и ти!“, пишува Шлинензауер.

„Ако А1 и Телеком не отворат линии за да му помогнеме на Артан Груби слободно нека си се угасат. #ДонорајЗаАртан“, коментира Чича Глиша.

„Случајно, вртејќи по телевизоров, слушнав два-три збора од Груби на ТВ 24…. Ќе земам апче за глава и нешто за желудников..“, пишува корисник на „Твитер“.

„Плати повеќе данок за да може Груби да земе плата 170 000, а не да се мачи со 70 000“, стои во објава.

„Груби земал 70.000 денари плата… Само не кажа дали таа сума е на ден или на час…“, пишува корисникот „Неурон“.

На почеток