Македонија

По две години Боки 13 за првпат ќе проговори и ќе се брани јавно

Првообвинетиот во случајот „Меѓународен сојуз“ Бојан Јовановски-Боки 13 во Основниот Кривичен суд Скопје ќе ги даде завршни зборови пред судијката Софвче Гаврилова-Ефремова, бидејќи на претходното рочиште по барање на адвокатите беше одложено, затоа што обвинетиот не бил подготвен со оглед дека записниците од рочиштата ги добил многу доцна. И покрај натегањата дека адвоктите веќе имаат закажано други обврски за денеска, Гаврилова-Ефремова инсистираше и закажа рочиште.

Па така, Боки 13 ќе докажува дека не сторил никаква измама и перење пари. Тој уверува дека проектите за кои склучил договор со две фирми требало да се реализираат и бизнисмените верувале во нив, што потврдуваат и изјавите пред судот. Се се сменило со неговото притворање. Тогаш, тие се уплашиле дека проектите нема да се реализираат.

Ова е негово прво појавување и говорење во јавност по две години поминати низ судниците. Со оглед дека кога се водеше случајот „Рекет“, не беше дозволено да се снимаат завршните зборови, сега тој за првпат ја користи можноста јавно да даде одбрана на сите обвинувања за кривични дела.

Во меѓувреме Обвинителството бара обвинетите во „Меѓународен сојуз“ да се огласат за виновни затоа што во постапката се докажало дека обвинетите ги сториле кривичните дела за кој се обвинети, односно дека материјалните докази биле поткрепени со изјави на сведоците.

На почеток