Македонија

ВО ЖИВО: Боки 13 за првпат по две години зборува пред јавност

Бојан Јовановски-Боки 13 кој е првообвинет во случајот „Меѓународен сојуз“ дава завршни зборови пред судијката Софче Гаврилова-Ефремова. Тој со поврзување на сите вербални и материјални докази докажува дека не сторил ништо што е противзаконски. Ова е првпат да му се чуе глас во јавност по две години, откако започнаа процесите против него.

Тој уверува дека проектите за кои склучил договор со две фирми требало да се реализираат и бизнисмените верувале во нив, што потврдуваат и изјавите пред судот. Се се сменило со неговото притворање. Тогаш, тие се уплашиле дека проектите нема да се реализираат.

„Намерата на овој предмет и ‘Рекет’ беше дискредитација и контаминација на моето дело. Тоа што вредело да не постои, фактите се заменија со шпекулации, а шпекулациите резултираа со обвинение. Целта е да се стави крај на шпекулациите, а фактите да ги цени судот“, рече Јовановски на стартот од судењетo.

На почеток