Вучиќ за изјавата на Макрон: „Нема да има доволно храна за сите во светот, ние сметавме на ова“


Претседателот на Србија Александар Вучиќ ја коментираше изјавата на францускиот претседател Емануел Макрон за гладот кој ќе зафати одредени делови од светот.
„Јасно е дека количината на храна што ја имаме во Европа нема да биде доволна за секого. Јасно е дека количината на житарки е помала од побарувачката“, рече Вучиќ и додаде:
„На ова сметавме, треба да имате предвид дека жетвата на пченицата е дури во август, а конечните количини ќе ги знаеме тогаш. Во овој момент имаме огромни барања, најмногу имаме од Италија.
Вучиќ вели дека и Албанците побарале дополнителни количества пченица и пченка, а побарала и Црна Гора.
