Свет

Украинците тврдат дека убиле уште еден полковник на руската армија

Украинската армија на Твитер објави дека е убиен уште еден важен руски командант.

„Украинските војници го елиминираа командантот на 331 Воздушно-десантен полк на руската армија, полковник Сергеј Сухарев. Учествувал во битката кај Иловајск во 2014 година, каде извршил воено злосторство. Конечниот суд наскоро ќе ја објави својата пресуда“, се вели на Твитер профилот на украинската армија.

Да потсетиме, Украинците тврдат дека убиле и четворица руски генерали. Последниот убиен генерал, кој се уште не е официјално потврден, е Олег Митјајев. Според Украинците, тој бил убиен во близина на Мариупол.

На почеток