Свет

(ВИДЕО) Едно лице загина, 19 се повредени, во напад на Киев

Едно лице загина, а четворица се повредени откако утрово делови од руска ракета паднаа врз станбена зграда во северниот дел на украинската престолнина Киев, соопштија службите за итни случаи.

Службите во соопштението наведуваат дека 12 лица се спасени, а 98 се евакуирани од петкатницата, пренесува Ројтерс.

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, ги покажа станбените згради кои беа уништени во областа Подолск.

„Утринава гранатираа станбена населба во областа Подолск. Едно лице загина, 19 се повредени, четири деца. Оштетени се шест станбени згради, градинка и училиште. Овде падна граната. Гледаме голем кратер. А што е страшно? Што е блиску до градинката, а од оваа страна е училиштето“, рече Кличко.

На почеток